Потврдeна е веста што expres.mk ја објави во 17 часот, екс вицеремиерот Артан Груби добил притвор по што или ќе мора да се вдаде во бегство или да се предаде и да оди во истражниот затвор во Шутка.
На поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој со албански пасош избегал од Македонија кон Косово, по налог на Обвинителството Кривичниот суд му определил мерка притвор.
Од Кривичниот суд, официјално соопштија дека е определена мерка притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби и екс директорот на Лотарија, Перпарим Бајрами .
„По добиено известие од надлежното МВР, дека двете лица за кои Јавното обвинителство предложи мерка притвор од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода, а поврзани со истрагата за Државна лотарија, се недостапни за органите на прогон, донесе решенија со што го прифати предлогот на Јавното обвинителство и им определи мерка притвор од траење од 30 дена.“, соопштија од Кривичниот суд.
Со дипломатско возило на бизнисмен и со албански пасош поранешниот вицепремиер Артан Груби ја преминал македонско-косовската граница, непосредно пред почетокот на полициската акција каде беше претресуван неговиот дом. Според информациите кои ги сподели премиерот Мицкоски, тој границата ја преминал со почесниот косовски конзул во Македонија – Арсим Папранику, кој исто така бил присутен во возилото. Папранику инаку е и бизнисмен кој е ко-сопственик на трговски центар во Скопје и сопственик на ланец продавници за бела техника во Косово, Македонија и Албанија. Сепак, Груби веќе бил на СТОП-листата и требало да биде спречен да ја напушти државата, потврдуваат од МВР.
Ексклузивната вест на expres.mk
Двајцата бегалци пред големи премрежија






