Веста за телефонскиот разговор меѓу Премиерот Заев и потпретседателот на САД Мајк Пенс попладнево ја потврди и веб порталот кој се занимава со агендата на Белата Куќа, претседателот на САД Трамп и потпретседателот Мајк Пенс.

Според сервисот „Вајт Хаус Петч“ Заев ќе разговара со Пенс веднаш откако потпретседателот ќе го заврши разговорот со грчкиот премиер Ципрас а подоцна Пенс ќе разговара и со тунискиот претседател Јусуф Шахед.
Информацијата за телефонскиот разговор Заев – Пенс која expres.mk ја објави предпладне сеуште не е објавена од ниту еден провладин или опозициски медиум во Македонија.






