Завршено е поставувањето на новите цевки и топловодот под мостот Беласица. Топловодот ќе биде ставен во функција, обезбедувајќи испорака на топлинска енергија за тековната грејна сезона. Во завршната фаза, новоизградениот топловод ќе се поврзе со постоечкиот систем за дистрибуција на топлинска енергија, па за време на поврзувањето и ставањето во функција.
Можно е привремено прилагодување на квалитетот на испораката во попладневните часови за мал дел од корисниците.

- „Новите раководства на ЕСМ Дистрибуција на топлина и АД ЕСМ брзо и ефикасно ги надминаа сите предизвици, преземајќи ургентни мерки и плански активности за надминување на пречките што го забавија зафатот. Реализацијата на оваа активност е уште една потврда за решителноста и посветеноста на новите раководства на компаниите кон унапредување на енергетската инфраструктура и обезбедување на стабилна и сигурна услуга за сите потрошувачи“, се наведува во соопштението од ЕСМ.
Мостот на булеварот Беласица во мај беше зафатен од пожар. Од Центарот за управување тогаш иформираа дека пожарот избил од долната страна на мостот, а случајот го пријавило затекнато лице на 112. Официјалните информации беа дека била запалена електрична инсталација и систем за парно греење.





