Превкусни посни крокети од компир, растителен кашкавал и сусам.

Состојки

– 500гр компири



– 200гр брашно

– 40гр маргарин

– 50мл вода

–  сол и векета по вку

– 150гр. растителен кашкавал

– 200гр. сусам

Начин на подготовка :

Излупениот компир исечете го на коцкички и варете го во солена вода околу 30 минути или додека компирот не омекне. Откако ќе се зготви, исцедете го и згмечете го во пире.

Додека компирот е се уште жежок додадете ја вегетата и маргаринот. Кога смесата малку ќе се излади промешајте го брашното разматено во малку вода во кој се варел компирот и замесето тесто.Готовото тесто поделете го на поголеми парчиња и на даска посипана со брашно размесете ги и исечкајте ги на парчиња со големина по желба. На секое парче ставете коцка кашкавал и обликувајте топчиња притоа внимавајќи тестото целосно да го обвитка кашкавалот.

Крокетите извалкајте ги во сусам и пржете ги во подлабок сад со масло. Пржените крокети извадете ги на кујнска хартија да се впие вишокот маснотија. Послужете.