Критичарите на Владимир Путин и неговиот режим во Кремљ повикаа на масовни протести на руските избирачки места во недела, на последниот ден од претседателските избори кои гарантирано ќе го зацврстат неговото владеење.
На гласачите им порачаа да ги преплават избирачките места одеднаш и да ги уништуваат гласачките ливчиња, пишува Гардијан
За време на гласањето имаше протестни акти, вклучително и истурање боја во гласачките кутии и подметнување пожари на избирачките места.
Пред неговата смрт во арктичкиот затвор минатиот месец, главниот руски опозициски лидер, Алексеј Навални, ги повика Русите да протестираат на иборите. Неговата вдовица, Јулија Навалнаја, го повтори неговиот повик во пресрет на изборите и рече дека демонстрантите треба да се појават во голем број во исто време за да ги преполнат избирачките места.
Таа ги повика демонстрантите на гласачките ливчиња да пишуваат „Навални“ или да гласаат за други кандидати освен Путин.
Но, секое јавно несогласување во Русија е строго казнувано од почетокот на офанзивата на Москва во Украина на 24 февруари 2022 година и постојано има предупредувања од властите против изборните протести.
Руската опозиција ги повика луѓето да излезат на гласање напладне, како што се надеваат дека ќе биде легално демонстрација на сила против Путин.
Путин (71), поранешен агент на КГБ, е на власт од последниот ден на 1999 година и треба да ја прошири контролата над Русија најмалку до 2030 година.
Ако добие уште еден мандат во Кремљ, тој би останал на власт подолго од кој било руски лидер уште од Катерина Велика во 18 век.






