Откако за околу 10 % скокна цената на одредени видови леб – екпертите велат нема реална причина за растот на цената, според познавачите бизнисот го користат вакум периодот на смена на власта, новиот закон за нефер трговски практики, а влијание според професорот Абил Бауш имаат и некогашните владини мерки за замрзанти цени и маржи, пренесува Канал 5.
Според Бауш непотребно се создава паника, вели очекува во следниот период заздравување на македонската економија.
„Ако гелдаме на глобално ниво и ако ги читаме резутатите, ни цената на енергенсите не е покачна нешто драматично, ниту цената на нафтените деривати, а не е нешто многу покачена ни цената на житото. Ова сега се се случува во момент кога се очекува да ги даде првите резутати и законот за нелојална конкуренција и таа предонсот од една во друга влада, некој тоа го чека за да направи паника за да се направат тие притисови за покачување на цените,“–изјави Абил Бауш – економски аналитичар.
Според Бауш, како држава имаме цел сет на одлуки со кои може да се контролира инфлацијата и да се заштити стандардот на граѓаните.
„Од Ценатраланата банка, па се до министерството за финансии, има централни политики на кои може да се направат среднорочни и долгорочни, кои може да ја зауздаат таа економија, иако кажав дека полседниот кваратал ние може да очекуваме и да бидеме во некој вид на економско оппоравување и да почне да се мисли на економски раст и развој.“-изјави Абил Бауш – економски аналитичар.
Во меѓувреме се крои и новата цена на струјата за домаќинствата. Според неофицијални информации минатата недела на затворена владина седница било прифатено државните електрани да ја продаваат произведената струја на универазлниот снабдувач по повисока цена, односно наместо досегашните 57 цената да изнесува 60 евра за мегават. Но какви сметки од 1 јули ќе плаќаат граѓаните ќе се знае конечно за околу 15 тина дена, во меѓувреме треба да помине и аукцијата на тендерот за набавка на струја.
Извор: https://kanal5.com.mk/baush-neopravdano-e-poskapuvanjeto-na-lebot-ochekuvam-zazdravuvanje-na-ekonomijata/a645150





