Македонскиот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово го награди актерот Сашко Коцев со наградата „Васил Иљоски“ за особен придонес во театарската уметност, посебно во делот на комедиографијата.
Наградата же му биде врачена на отворањето на фестивалот кон крајот на септември во Центарот за култура Трајко Прокопиев Куманово.
„Еден посебен ден за мене“, напиша Коцев на својот фб-профил.
Сашко Коцев е дел од ансамблот на Македонскиот народен театар каде игра во поголемиот дел од репертоарот.
Повеќе од две децении тој паралелно реализира стендап-настапи, а токму последен актуелен му е „Широк дијафазон“, кој и по неколку месеци се уште го полни гледалиштето на МНТ, но и секаде каде што гостува, пишува порталот „Умно“.






