Поранешен новинар сака да биде претседател на Хрватска

 

Поранешен новинар на „Вечерњи лист“ и поранешен претседател на Сојузот на хрватските новинари најави дека ќе се кандидира за претседател на Хрватска.



Антон Филиќ, тврди дека Хрватска пропаѓа со децении, па ѝ требаат нови луѓе и целосен пресврт, кој, според него, нема. од постојните понуди на кандидати, пренесува Вечерњи лист.

„Конечно да го отфрлиме јаремот на корумпираната ХДЗ и нејзината сестринска партија СДП. И дветепокажаа дека немаат решение за корупцијата, но дека се до врат во неа. Тие покажаа што знаат и умеат , време е да се обидеме со ново до народот…“, напиша Филиќ во соопштението.

За претседателот на Републиката Зоран Милановиќ рече дека сака да се прикаже како хрватски патриот и социјалдемократ, но тоа не е така бидејќи рече дека Хрватска е „случајна земја“ и дека токму тој ги донел најлошите закони за хрватскиот работници кога беше премиер.

Ниту останатите досега пријавени кандидати не влеваат доверба дека би можеле да донесат значителни промени. Повеќето од нив се на овој или оној начин дел од постојниот естаблишмент.

Тврди дека Хрватска освен демографски, опаѓа и економски и зависи од тенка нишка грантови од европските фондови и туризмот.