Нашиот најдобар маратонски пливач од последните години Евгениј Поп Ацев го освои второто место на последната трка од сезоната во ФИНА, што му е доволно одново да ја освои титулата во Гранд При серијата. Тој на скратениот натпревар на Капри (16 километри) заврши како трет зад Италијанецот Матео Фурлан и Аргентинецот Гиљермо Бертола кому, токму таа разлика му овозможи да му се придружи на Поп Ацев на врвот на светското маратонско пливање. Двајцата од сите трки, вклучувајќи го и Охридскиот маратон успеаја да акумулираат по 43 бодови.
Ова за Евгениј е втора титула во вкупното бодување, а лани до неа дојде и ветеранот Томи Стефановски.




