Денеска започна пописот на населението, домаќинствата и становите во Косовокој ќе трае до 17 мај.



Согласно Законот за попис на населението, домаќинствата и становите, доколку некој одбие да ги даде информациите кои од него ги бара попишувачот, може да се казни со парична казна од 30 до 2.000 евра.

Пописот ќе се спроведе и во општините со мнозинско српско население на северот на Косово – Лепосавиќ, Зубин Поток, Звечан и Северна Митровица.

Но засега е неизвесно дали косовските Срби од овие четири општини ќе го бојкотираат пописот – нешто што го сторија во 2011 година.

Според пописот од 2011 година вкупниот број на жители во Косово е околу 1,8 милиони, од кои околу 25.000 се Срби.

Но, проценките на граѓанскиот сектор, пак, се дека во Косово живеат околу 100.000 припадници на српската заедница.

Косовските власти во неколку наврати ја повикаа српската заедница да одговори на новиот попис, со цел да се има предвид точниот број на жители, врз основа на кој ќе можат се прават планови за иднината.