Навредени функционери и членови на НСДП револтирани од лидерот на СДСМ Ковачевски бараат начин да преминат во ЗНАМ, тврдат луѓе блиски на претседателот на оваа партија Горан Мисовски.
Откако вчера Ковачевски на партиски митинг на лидерот Мисовски и на цела НСДП им порача дека се неважен политички субјект со структури на ЗНАМ контактирале членови но и цели локални групации на Новите социјалдемократи кои сакаат ,,топ-тан” да се префрлат кај Максим Димитриевски.
Ковачевски вчера јавно ја навреди НСДП и лидерот Мисовски кој молчи по понижувањето од лидерот на СДСМ.
,,На истиот начин како што беше направен и политичкиот субјект НСДП во 2006 година и политичкиот субјект Демократска алтернатива во 1998 година. Последниве два што ги спомнав, едниот не постои, а другиот е минорен коалиционен партнер на СДСМ, бидејќи на крајот сите се враќаат таму од каде што потекнале, затоа што предавникот не што не го сакаат дома, предавникот најмалку го сакаат таму каде што отишол да предаде”, рече Ковачевски за своите партнери.






