„Полицијата имала звучен топ на џип“, тврдат од српската опозиција (ВИДЕО)

 

Потпретседателката на српската Партија за слобода и правда, Мариника Тепиќ, објави фотографија на која тврди дека го прикажува звучниот топ употребен за време на протестот на 15 март во Белград.



Вучиќ: „Ако бил употребен „звучен топ, јас повеќе не сум претседател“.

На него се гледа полициска бригада од страната на Собранието и полициско возило, а на хаубата нешто за кое Тепиќ тврди дека е звучен топ.

„Белград, сабота 15 март 2025 г.
Десно – собир на студенти и граѓани
Лево – ПОЛИЦИЈА ДРЖИ ЗВУЧЕН ТОП на џип во близина на Народното собрание на Државата Србија❗️

Власта им се закани на животот на луѓето.
Користеле звучни уреди кои ги дистрибуирале низ градот.
Затоа го испразнија српското Собрание за да паркираат возила со LRAD 450XL.
На конференцијата во 13 часот ќе ја покажеме сета монструозност на режимот и какви апарати купија за да се справат со граѓаните на Србија“ објави таа на „Х“објави Индекс.хр.

Што се случи…