Политизација на летната размена на македонски и албански полицајци

Претставници на албански националистички организации и други активисти се обидуваат да дадат поинаков контекст на размената на полицајци меѓу Албанија и Македонија во текот на летниот период.



Во постови на социјалните мрежи упатувањето на македонски полицајци во Сарандра и албанските во Охрид се прикажува како делумно остварување на сонот за „сите Албанци во една држава“.

Дополнително во политизацијата на оваа редовна размена на полициите на двете земји се користи и фактот што Косовски полицајци во текто на летото се грижат за безбедноста на своите туристи во северниот дел на Албанија.

На еден од постовите за соработката меѓу полициите, тема која се злоупотребува, се вели дека ЕУ не е потребна затоа што полицајци од Албанија се во Охрид, Македонските се во Саранда а Косовските се во Албанија.

Хаштагот #Unity кој се користи во постот означува обединување на Албанците преку полициите затоа што во пораката освен за „албанските територии“ не се зборува за грчките, српските, црногорските и другите полицајци од регионот кои што исто така во текот на летото се ангажирани во соседните земји. Македонија вообичаено од страна на албанските државјани се именува како ФИРОМ.

Согласно договорот меѓу Албанија и Македонија за прв пат годинава полицајците гости од двете земји во Саранда и Охрид покрај инволвирањето во сообраќајни случаи во кои се вклиучени нивни граѓани ќе бидат дел од решавање на криминални инциденти во кои се вклучени туристи од двете земји.