Покрај ,,Македонско девојче” Јокиќ и другарите пееле и песна што нема да им се допадне на американците (ВИДЕО)

За време на вчерашната прослава на победата против Германија и освоениот бронзениот олимписки медал покрај ,,Македонско девојче” Јокиќ и другарите од репрезентацијата на Србија пееле и една песна што нема да им се допадне на американците.



На прославата најдобриот кошаркар на светот и неговите колеги од репрезентацијата на Србија ја пеат и песната ,,Проклета је Америка”.

Се разбира дека пеењето на оваа печалбарска песна нема врска со сериозни пораки туку е мал музички реванш за поразот од Дрим Тимот на САД во полуфиналето на олимпискиот кошаркарски турнир.

Песната ,,Проклета ја Америка и злато што сјае” ја пее во оригинал Шабан Бајрамовиќ а зборува за син кој што би ја продал душата за пари и бара неговиот татко да се врати од печалба во Америка каде се разболел.

Како Јокиќ кој е најдобар играч на НБА лигата во САД ја пее оваа песна во линкот

https://www.facebook.com/share/v/wE82BisrqDbYEfGN/?mibextid=oFDknk

На истата прослава се пееше и Македонско девојче

Македонско девојче на олимписката прослава на српските кошаркари во Париз (ВИДЕО)