Покрај македонката Ана Петрушева која е раководител на медиумски проект меѓу луѓето за кои САД од српските власти бараат информации за пари доделени преку УСАИД се наоѓа уште еден македонски државјанин.
Се работи за новинарот на БИРН или Призма Синиша Јаков Марушиќ.
Неговото име во текстот на српски Информер е погрешно споено со друго име но ако се слуша емисијата каде што се открива кои имиња ги бара за проверка Министертвото за финансии на САД ќе се види дека се работи за Синиша Јаков Марушиќ, новинар на БИРН или Призма.
Вучиќевиќ не открива од каде ги добил имињата но јасно е дека неговите блиски врски до владата на српскиот претсетел Вучиќ му овозможиле да има пристап до овие информации.
Владата во Белград, амбасадата на САД во Србија и американското министерство ниту споменатите луѓе досега не ги демантираа овие информации на Информер.
,,Список на лица барани од американските власти! Вучиќевиќ ги прочита имињата на луѓето за кои САД бараат информации од српските власти”, е насловот на српскиот весник Информер близок до владата на претседателот Вучиќ кој информира за барањето од Вашингтон.
Главниот уредник на Информер кој е близок на владеачката Српска Напредна Странка Драган Ј. Вучиќевиќ во подкастот ,,Колегиум” ги откри имињата на лицата за кои Министерството за финансии на САД наводно бара целосни извештаи од српските државни институции за нивната поврзаност со УСАИД.
,,Министерството за финансии на САД, за борба против перење пари, испрати писмо со имиња на лица и спречување перење пари до српските власти, партнерите, односно Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, во кое бара информации за одредени лица. Станува збор за лицата кои биле вклучени во земањето на парите. Затоа се бара да достават документација за нивниот бизнис, нивните фирми, нивните агенции. Некои се државјани на Србија, некои не се државјани на Србија. Ова е сува ексклузива. Тие всушност бараат луѓе кои се сомнителни кон Американците“, тврди Вучиќевиќ.
Вучиќевиќ потоа ги објавува имињата на поединците кои се интересни за американските власти и кои сакаат информации за нив бидејќи се поврзани со УСАИД, а најмалку пет лица од списокот користеле средства од ЕУ:
,,Гордана Игриќ, Маријан Циријак, Ана Петрушева, Маркус Танер, Драгана Жарковиќ Обрадовиќ, Душица Лукреција Икиќ Кук, Ана Мектагарт, Татјана Дробњак, Драгана Николиќ, Весна Бјекиќ, Немирна Јелачиќ, Аниса Суческа Векиќ, Кренар Гаши, Џара Џета, Снежана Павловиќ, Надира Кориќ, Димитар Хасиќ Јаковљевиќ, Синиша Јаков Марушиќ, Ерна Мачкиќ, Слободан Георгиев, Маида Селимовиќ, Амила Незировиќ, Аида Алиќ, Мерима Хусеиновиќ и Мухамет Хајрулаху”, објави Вучиќевиќ.
Меѓу наведените лица е и македонската државјанка Ана Петрушева која е дел од медиумско истражувачките проекти БИРН или Призма кои се финансиски поддржани од УСАИД.
Најчитани статии
Анализа на писателот






