Покана за Џинпинг, но не и за Путин за инаугурацијата на Трамп

Според Кремљ, Владимир Путин не е поканет на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во јануари, јавува Њусвик



Дмитриј Песков, портпаролот на Путин, изјави дека поканата за церемонијата во Вашингтон на 20 јануари не била упатена до рускиот претседател, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

Во исто време Трамп, наводно, упатил покана до кинескиот претседател Си Џинпинг да присуствува на церемонијата, изјавија извори за CBS News.

Се’ уште не е јасно дали кинескиот претседател ја прифатил поканата.

Трамп во неодамнешното интервју за Ен-би-си Њуз рече дека „многу добро се сложува“ со Кси и дека тие неодамна комуницирале.

Новоизбраниот американски претседател најави дека ќе воведе дополнителни царини од 10 отсто за кинеските производи, освен ако Пекинг не направи повеќе за да ја запре трговијата со наркотичниот фентанил кој предизвикува голема зависност.

Тој, исто така, се закани со царини од повеќе од 60% за кинеските производи додека беше на кампањата.