Тешките преговори на РФМ со раководството на Рајн Некар Левен, нашиот ракометар да биде ослободен од клупските обврски и да му се стави на располагање на селекторот Илија Темелковски за настап на СП, вродија плод.
Убедливо најдобриот ракометар на младинската репрезентација на Македонија, Филип Талевски ќе настапи во Алжир на Светското првенство кое ќе се одржи од 18 до 30 јули иако првичните информации беа дека германскиот ракометен првак нема да му дозволи на левиот бек да настапи во Алжир.
Подготовките на младинците започнаа денеска, а на мундијалот не очекуваат натпревари со Шпанија, Тунис, Бразил, Русија и Брукина Фасо кои се дел од група Ц.






