Вечерва избувна пожар во дел од туристичкиот комплекс „Манастир“ во Берово. Екипи на ТППЕ Берово веднаш по дојавата се упатиле во кругот на објектот каде е забележан густ чад.
Поради сериозноста на пожарот побарана била помош од околните противпожарни служби и тоа од Делчево и од Кочани.
Зафатен е поткровниот дел на хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово.
Во моментов пожарот е изгаснат, но предизвикана е значителна материјална штета.
https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=476&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fkurir%2Fvideos%2F1294044898438185%2F&show_text=false&width=267&t=0





