На терен веќе се наоѓаат екипи на Доброволното противпожарно друштво од Пехчево, пожарникари од Берово и месно население, вработени во Јавното комунално претпријатие и во подружницата на „Национални шуми“. Градоначалникот на Пехчево Александар Китански преку фејсбук го повика населението да се вклучи во гаснењето на пожарот, кој стаса над градот Пехчево. Пожарот денеска повторно избувна над селото Негрево и се шири во правец кон градот, носен од ветрот.
Во моментот, како што информира градонаачалникот Китански од теренот, сите вклучени во гаснењето на пожарот имаат и авионска поддршка, но, според него потребни се многу луѓе и ресурси за сузбивање на пожарот, кој потпомогнат од ветрот, засега е надвор од контрола.
„Почитувани граѓани, сите кои можат нека се приклучат во гаснењето на пожарот.“ – го повика месното население градоначалникот на Пехчево Китански. Тој бара и да се расчистат улиците „Јулија Веселинска„, „Гоце Делчев“, „Пиринска“, и Буковик од возила, заради полесно движење на противпожарните возила, кои ќе полнат вода од дворот на ЈП Комуналец.
На терен веќе се наоѓаат екипи на Доброволното противпожарно друштво од Пехчево, пожарникари од Берово и месно население, вработени во Јавното комунално претпријатие и подружницата на „Национални шуми“. Предупредување до жителите упатија и од црковното свештенство, кои со биење на црковните ѕвона ги информираат граѓаните да бидат подготвени за евакуација!





