„Сега е полошо. На терен гори високостеблеста борова шума од која се издигаат високи пламени јазици. Теренот е многу непристапен, не можат да се движат ниту возила ниту луѓе. Дува силен ветер поволен за разгорување на огнот“, вели градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, опишувајќи го шумскиот пожар што од вчера беснее во близина на градот.
Тој, во изјава за 360 степени вели дека дека на таков терен може да се дејствува единствено од воздух.
„Само поддршка од воздух е потребна за да се скроти огнот, луѓе не смеат да се пуштат за да не се случи катастрофа. Од 7 часот денеска наутро дејствуваат два хеликоптера и има позитивни резултати“.
Не се загрозени објекти или населени места.Сите луѓе ни се на терен. Помагаат многу доброволни друштва и месното население. Тука се припадници на ТППЕ од Берово, Кавадарци, Кочани и Виница. Имаме поддршка од сите подружници на ’Национални шуми’“, вели градоначалникот…






