Подметната бомба пред бутикот на сопругата на Кирјакос Мицотакис

Непознати лица поставиле импровизирана експлозивна направа пред бутикот на сопругата на водачот на Нова демократија (НД) Киријако Мицотакис, Марева Грабовски, во центарот на Атина.



„Пеколната направа“ изработена од три гасни канистери експлодирала претходната ноќ, во 2.40 часот по полноќ и предизвика мали оштетувања на фасадата на продавницата.

Киријакос Мицотакис во пост на Твитер напиша дека нападот врз канцелариите – модно ателје – на неговата сопруга била порака за заплашувањеупатена до него и посочи на  владата и нејзините гласници.

Од своја страна, прес-службата на премиерот Алексис Ципрас соопштија

„Недвосмислено го осудуваме нападот врз бизнисот на Марева Грабовски Мицотакис“.