Иницијативата ,,Поддршка за Кочани” (Support Kocani) објави инфографик за сите најважни бројки еден месец по трагедијата
,,Факти и бројки по трагедијата во #Кочани
Подготвивме инфографик со статистички податоци, жртви, помош и одговорност.
Но ова не се само бројки.
Ова се животи, пријатели, семејства, трауми, ❤️🩹🕊”, пишуваат од иницијативата која собра околу 450 илјади евра за помош на жртвите од Кочани.
Во инфографикот има податоци за сите важни параметри поврзани со трагедијата.





