Подбивање на Азизи со Ахмети: Голем пораз на изборите на 8 мај – ова е вистинската „голема вест“ за ДУИ!

„ГОЛЕМИОТ ПОРАЗ НА 8 МАЈ! – поголема и повистинска вест нема од оваа за ДУИ!“ – напиша подбивно на својот фејсбук-профил Аднан Азизи, организацискиот секретар на Централното претседателство на опозициската партија Беса, иронизирајќи со, како што објави и ТВ Алсат, „големата вест’, која ја најавуваа помпезно функционерите, структурите и милитантите на партијата на ДУИ“, односно во врска со „кандидатурата на лидерот Али Ахмети за албански претседател на * Македонија“.



Во својата објава Азизи нагласува: Секоја друга „вест“ е обид да се намали и да се прикрие вистинската голема вест – ГОЛЕМИОТ ПОРАЗ НА 8 МАЈ!