Салвадор Собрал (27) мора да се повлече од музиката поради лошото здравје. Тој ги откажа сите настапи и бил примен во болницата Санта Круз заради срцево заболување. Португалецот мора да оди на трансплантација на срце, а локалните медиуми пишуваат дека неговиот живот е во опасност.



Пораките за поддршка за Собар доаѓаат од целиот свет. Брзо закрепнување му беше посакано и од поранешниот победник Александар Рибак од Норвешка, Украинецот Џамал ​​и шпанскиот претставник на фестивалот од оваа година Мануел Наваро, кој инаку е пријател на Собрал.
Последното шоу пред да биде хоспитализиран, Салвадор го имаше на 8-ми септември. Тој тогаш многу емоционално ја исполни победничката песна, а кога неговата сестра му се придружи на сцената, емоциите го совладаа.

Неговите проблеми со срцето беа откриени во мај. Поради тоа, тој, наводно, не можел да ја напушти земјата во тоа време за да стигне на пробите во Киев. Тој тогаш беше заменет од неговата сестра Луиз.
Неговиот менаџер тогаш негираше дека Собрал има проблеми со срцето.

„Тоа не е вистина. Тој се опоравува од операцијата на брух“ тврдеше Ана Паоло.