Две македонски селекции кои се подготвуваат за официјални настапи во текот на ова лето во вторник имаа пријателски средби, кои и во двата случаја беа први по тренинзите во Скопје и во Маврово. Младите ракометари пред кои е учество на Светското првенство во Алжир ја победија селекцијата на Катар и тоа на нејзин терен со 25-24, а в среда на истото место имаат уште еден натпревар со истиот противник.

Кошаркарите со многу проблеми допатуваа во Братислава на мегдан со Словачка која во првиот судар беше далеку поуспешна со 89-74. Ова беше средба од затворен карактер, а в среда ќе има нова која ќе биде отворена.





