Леонардо ди Каприо неодамна им ги предаде на американското Министерство за правда уметничките дела кои тој претходно ги доби од малезискиот богаташ Јо Лов, а и Миранда Кер врати вреден накит исто така добиен од него. Американските федерални инспектори ги проверуваат сите холивудските ѕвезди кои биле поврзани со бизнисменот, но и со неговиот пријател, филмскиот продуцент Риза Азиз.



Леонардо ди Каприо, Мартин Скорсезе, Кристијан Бејл, Кејси Афлек, Марк Волберг и Миранда Кер добиле подароци и пари кои биле незаконски стекнати.
Лов и
Азиз се под сомневање дека украле милијарди од даночните обврзници во Малезија со кои бил финасиран раскош за продуцентот кој финансирал холивудски филмови преку компанијата Red Granit која создаде многу хитови.


Миранда Кер, пишува The Wall Street Journal беше во врска со Јо Low кога тој и го даде вредниот накит што таа сега го врати во Министерството за правда откако и Леонардо ди Каприо ги врати делата што ги доби како подарот од малезискиот милијардер.