Полициската управа на Дубровничко-неретванската жупанија соопшти дека за несреќата која се случила синоќ околу 23 часот во градот Подградина, во општина Сливно – е виновен 73-годишен маж кој возел под дејство на алкохол.
При вклучување во сообраќај на државниот пат Д-8 со патничко возило, тој не ги пуштил сите возила што се движеле по коловозот обележан како пат со првенство на минување.
Тој со своето возило удрил во патничко возило со дубровнички регистарски таблички, кое поради силата на ударот се одбило и ја пробило заштитната ограда, по што слетало во коритото на реката Мала Неретва и потонало на дното.
Три лица од потонато возило загинаа. Станува збор за хрватски државјани на возраст од 77, 61 и 48 години. Од парохијата „Свети Анте Комин“ соопштија дека во несреќата загинале Среќко Медак, Ивица Ќоп и Фердинанд Чупиќ.
73-годишниот маж кој ја предизвикал оваа сообраќајна несреќа се здобил со полесни повреди, а со алкотест е утврдено дека возел под дејство на 1,46 промили алкохол.
Тој моментално е во полициски притвор каде што против него се води кривична истрага за кривично дело предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици.





