Напаѓачот на премиерката на Данска, Мете Фредериксен, во центарот на Копенхаген е 39-годишен полски државјанин.



Тој, во петокот, ја удрил премиерката по рамо но повредата не била сериозна.

Судот нареди напаѓачот да остане зад решетки 12 дена.
Во списите на предметот се вели дека Полјакот не го разбира данскиот јазик и не го зборува.

Данската полиција соопшти дека осомничениот напаѓач бил под дејство на алкохол и дрога и дека не знаел дека жртвата е данскиот премиер.

„Сметаме дека тоа е изолиран, спонтан чин, а не (…) планиран напад врз премиерот“, изјавил полициски инспектор.

Инцидентот се случи два дена пред европските избори.

„Данските власти ни соопштија дека приведеното лице е полски државјанин, кој престојувал во Данска подолго време“, изјавила портпаролката на полското Министерство за надворешни работи за полското државно радио.