Во македонската кујна која изобилува со вкусови и бои, тиквата зазема важно место, и тоа е добро, затоа што е вкусна и здрава, и печена, и варена, и во оваа едноставна посна штрудла-варијанта.



Состојки:

-500 грама кори

-700-800 грама рендана тиква

-250 грама сецкани ореви

-150 грама шеќер

-масло по потреба

Постапка:

Тиквата се ренда, (за полесно рендање, можете прво малку да ја обарите) па се додаваат исечканите ореви, шеќерот, циметот и се добро се измешува.

Од готовите кори, првата се прска со масло, па врз неа се става уште една, и пак се намастува. Потоа ставете трета кора, и на неа намачкајте од филот. Завиткајте ја во ролат, и ставете ја во тавата за печење.

Постапката се повторува додека не ги потрошите корите и филот. Се сече на парчиња во големина која вам ви одговара.

Се пече 40 минути, на 180 степени, додека одгоре не добие златна боја. Изладената пита можете да ја попрскате со шеќер во прав.