Покрај слатки, ролатите можат да бидат и солени, а едни од највкусните и најлесни за подготовка најчесто се тие подготвени со пилешко месо.



Состојки:

-Пилешки стек – 4 парчиња
-Спанаќ – 200 гр.
-Путер (засолен) – 20 гр.
-Сончогледово масло – 2 дл.
-Кромид – 1/2
-Лук – 1 чешне
-Гауда – 100 гр.
-Лебни трошки – 30 гр.
-Сол – По вкус
-Црн бибер – По вкус

Начин на подготовка:

Сварете го спанаќот, исцедете го и исечкајте на парчиња. На загреан путер пропржете ги исечканите кромид и лук и додадете спанаќ, црн бибер и сол. Измешајте ја целата смеса и оставете да се излади.

На секоe од парчињата пилешки гради ставете дел од спанаќот и парче кашкавал Преклопете ги стековите и прицврстете ги со чепкалки. Покријте ги во лебни трошки и испржете во поголемо количество масло.