Металург и Вардар имаат по еден претставник во идеалниот состав за месец декември во регионалната машка ракометна лига. Кружниот напаѓач на сините и Хорхе Македа од црвено црните се дел составот кој го одбележа последниот период во 2017 година. За членот на Вардар ова сместување и почест не е изненадување зошто актуелниот победник во лигата имаше три триумфа, но затоа изненадувачки е што Пешевски има место во поставата бидејќи Металург оствари само една победа, реми и два пораза.
Целиот СЕХА тим за декември изгледа вака:
Голман: Иван Пешиќ (Мешков Брест)
Пикер: Жарко Пешевски (Металург)
Десен бек: Хорхе Македа (Вардар)
Лево крило: Јакуб Хрстка (Татран Прешов)
Лев бек: Дамир Бичаниќ (ППД Загреб)
Среден бек: Јака Малуш (Целје)
Десно крило: Павле Бандука (Динамо Панчево)
Тренер: Бранко Тамше (Целје)




