Поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, кој е меѓу осомничените за случајот „Траекторија“ бара јавна седница на која што медиумите и јавноста ќе се уверат дека ништо не згрешил и дека нема ништо спорно во неговата жалба поднесена до Апелациониот суд за одземениот пасош.
Со јавна седница Пешевски ризикува медиумите да дојдат до информации кои што во зависност од изнесените податоци може да ја влошат или да ја подобрат неговата позиција во јавноста.
Паралелно со неговата жалба за одземениот пасош Апелациониот суд ќе треба да расправа и по жалбата за истиот предмет поднесена од СЈО, со кои се бара притвор за Пешевски.
За разлика од жалбата од Пешевски за која нема рокови барањето на СЈО апелација најдоцна до четврток во 16 часот треба да одлучи дали екс вицепремиерот може да заврши во притвор.





