Пешак заврши во болница по удар од „фолксваген“

Изминатата ноќ, во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ј.(31) од Скопје кој завчера (25.04.2025) во 20.30 часот на кружен тек од ул.„Кирил и Методиј“, ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Костурски Херои“, тој со патничко возило „фоксваген“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во пешакот Ѓ.П.(87) од Скопје.



 

Со возило на Итна медицинска помош пешакот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Е.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.