Во центарот на Скопје попладнево се одржува редовно годишно собрание на Кошаркарската федерација кое според најавите ќе биде се, само не редовно. Имено два клуба веќе поднесоа барање за гласање на доверба на претседател Петар Наумовски кој секако, немаше намера да стави на расправа или гласање точка за своето работење или за премерување на поддршката меѓу делегатите на највисокиот форум. Навестувањата беа дека дел од клубовите и воопшто депутатите ќе го отворат прашањето за доверба на Пеце кај членовите на собранието, а сега и дека главнината ќе бидат за негова смена.

Додека сето ова на улица Македонија трае, а започна еден час неизвесно е кое сценарио ќе биде спроведено или кој во првичниот миг ќе преовлада, и ќе добие иако деновиве сите уверуваат дека Пеце е готова приказна и дека нема доволно гласови да остане. Но се е се уште во сфера на исчекување, а потоа од развојот на денешните настани ќе зависи кои други поглавја ќе се отвораат во јануари. Една верзија вели дека ако на Наумовски денеска му биде изгласана недоверба потоа двајца, а можеби и тројца кандидати ќе се пријават или ќе бидат предложени за негов наследник со тоа што сигурни се поранешниот репрезенативец Владо Илиевски и поранешниот претседател Далиел Димовски. Тоа собрание би било изборно, вонредно или какво и да е, но секако до него ќе има минимум 15 дена, а по него ќе има нов прв човек.
Што се однесува до денешното сценарио. За кулминација е смислен изборот на најдобрите кошаркари за 2017, а признанијата одат кај Перо Антиќ и кај Јелена Антиќ, но прашање е како тоа ќе биде изведено со така тензичен вовед,




