Заменик министерката за финансии во техничката Влада, вели дека Министерството за финансии конечно признало дека јавниот долг во 2023 год изнесува 62,1% од БДП и дека е прекршено “златното буџетско правило”! Според неа, тоа се препознава во вчерашното соопштение за медиумите од МФ.
- Што се однесува до објавениот податок дека јавниот долг на крајот на првиот квартал од оваа година изнесува 58,6% од проектираниот БДП, вреди да се напомене дека оваа проекција за номинален БДП во 2024 год. од 14,966 милиони евра е многу оптимистичка во однос на остварениот номинален БДП во претходните години (13,668 милиони евра во 2023 год., 13,059 милиони евра во 2022 год.). Но, свесни сме дека со вака проектираниот БДП се влијае на тоа колкав буџетски дефицит и јавен долг ќе искажува МФ во текот на годината, пишува Петрова.
Новата Влада после изборите ќе има голем предизвик да го стабилизира јавниот долг и да го поттикне растот на економијата преку придвижување на јавните и приватните инвестиции и други мерки за поттикнување на економските активности и создавање нова додадена вредност, додава таа.





