Повозрасната од ќерките на Ф-1 иконата Берни Еклстоун поднела барање за развод од сопругот Џејмс Стант, а во Лондон веќе е одржано и првото соочување. Нема да има помирување, бидејќи според извори блиски до семејството Еклстоун “нема мајка која би го посакала Џејмс за зет”.

Кога тој и Петра тргнаа во врската тој дури беше љубезен и пријатен, но тоа беше искрена младешка љубов. Наскоро, сепак, Џејмс го покажа вистинското лице, па брзо се прилагоди и започна со лагодности и со трошење на парите на Петра.
“Тоа е лик кој е сосем бескорисен”, велат пријателите на семејството.

Двојката потпишала предбрачен договор уште за време на венчавката во 2011. година, па сопругот нема многу да се офајди од големото богатство што го поседува Петра, а кое е проценето на 7 милијарди долари. Џејмс и Петра имаат три деца: ќерката Лавинија и синови близнаци Џејмс Роберт и Андреј Кулбир.






