Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина

Москва го обвини американскиот претседател Џо Бајден дека ја попречува можноста за мир во Украина, подривајќи ги најавените мировни планови на новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во интервју за руската телевизија изјави дека администрацијата на Бајден активно ја влошува ситуацијата на теренот.



„Трамп во текот на изборната кампања зборуваше дека сака да постигне мир и ги водеше сите кон мирно решение“, изјави Песков.

Тој нагласи дека администрацијата на Бајден прави сè за да ја ескалира ситуацијата, што, според него, ги осудува мировните договори на неуспех.

Песков истакна дека потезите на Бајден се насочени кон создавање дополнителни пречки за новата администрација на Трамп, обвинувајќи го сегашниот претседател за одмазда поради изборниот пораз.

Новозибраниот претседател Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, најави дека ќе дејствува брзо за да стави крај на повеќе од илјада дена траење на војната помеѓу Русија и Украина. Сепак, до сега тој нема изнесено конкретни чекори или планови за спроведување на овие намерин

Како дел од последните одлуки, Бајден ја овласти Украина да користи американски ракети со долг дострел ATACMS против воени цели во Русија, чекор кој Москва го оцени како провокативен. Дополнително, администрацијата на Бајден најави делумно простување на долгот на Украина, со цел да ја поддржи економската стабилност на земјата.