Единствениот Македонец кој годинава настапува во кошаркарската Евролига имаше одличен индивидуален ефект на стартот од новата сезона, но неговиот нов-стар тим Црвена Звезда загуби кај Жалгирис со 78-76. Перо Антиќ не беше стартер и одигра само 20 минути во кои постигна 17 поени (две двојки, три тројки и четири слободни) со сосема коректен процент на шут и плус три скока и три украдени топки.
А средбата беше извонредно интересна за што најдобро говори и официјалниот хајлајтс на мечот во Литванија.





