„Три големи катастрофи го имаат погодено овој град, првата е Пиколомини и палењето на Скопје во 17 век, втората е траорниот земјотрес во 1963 и третата катастрофа е Арсовска.



Првите две градот ги преживеа, ќе ја преживее и Арсовска“, изјави Златко Перински, министер за локална самоуправа во гостување на ТВ Сител а врска со средбата со градоначалничката Данела Арсовска.

Перински информираше дека Арсовска била повикана во Владата да ги објасни состојбите главно во Комунална хигиена и ЈСП, а Владата да помогне согласно законските можности.

Рече дека многу му е жал шт Арсовска не го препозна подавањето на рака од страна на Владата, туку успеа да го продлабочи јазот со неиздржано обвинување дека некој ѝ ја блокира работата.

„ВМРО-ДПМНЕ во моментов има 16 советници од вкупно 45 во рамки на Советот на Град Скопје. Не гледам можност или потреба истите 16 советници да кочат некакви процеси во Град Скопје“, рече Перински.

Тој даде пример укажувајќи дека во инвестициската програма која се однесува на Комунална хигиена, а која е помината во Советот.

„Прашањето е следно, дали треба да се донесе одлука за Комунална хигиена да го собира сметот од контејнерите во град Скопје. Не, Комунална хигиена работи по строго утврден оперативен план која самата го носи и треба да си ја работи законски утврдената надлежност, ништо повеќе ништо помалку“, вели Перински додавајќи дека граѓаните не се должни да го трпат ова.