„Создавањето на Албанската академија за наука и уметност во * Македонија е одраз на некои негативни состојби, поради кои во некои институции сè уште нема место за Албанците.“ – велат од коалицијата Вреди-членка на Владата. Пренесувајќи го заедничкиот став на Вреди, Башким Муртези рече дека разбираат оти „прашањето за формирање на Албанската академија е чувствително за македонската заедница“, но додаде дека „целта не е да им се нанесе штета на коалициските партнери, туку да ги исполнат дадените ветувања“. Ова го објави ТВ 21.
Натаму ТВ 21 пишува: „Целта не е ниту формирање некоја паралелна институција.“ – посочи Муртези, додавајќи дека и во минатото имало иницијативи, кои се толкувале како создавање паралелни институции, но потоа се докажало спротивното.
Но, коалициските партнери на Вреди ова го сметаат практично како создавање паралелна институција. Ова денеска во емисијата „Дејли Клик“ го нагласи Златко Перински од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи: „Пристапот на создавање паралелни институции не носи ништо добро и го урива концептот на заедништвото“.
Зборувајќи како министер за локална самоуправа во врска со идејата на Вреди општините да ја финансираат „Албанската академија“, Перински укажа дека советите на општините можат да ги користат буџетските средства само за надлежностите, што ги има општината.
Покрај ВМРО-ДПМНЕ, против формирањето Албанска академија“ се искажа и другиот партнер во Владата Движењето Знам. Критики пристигнаа и од албанската опозиција, од Европскиот фронт, од каде што велат дека „Вреди создава маалски академии, наместо да го преземе раководењето со МАНУ“.
Home Македонија Перински: Општините не можат да финансираат паралелни академии! – „Вреди“: „Албанската Академија“...





