Шпанскиот фудбалер на Челзи Педро Родригез ја минал ноќта во болница во Пекинг и минимум има потрес на мозокот, а за останатото ќе покажат дополнителните испитувања. Шпанецот настрада во пријателската на неговиот тим со Арсенал кога противничкиот голман Давид Оспина многу невнимателно стартуваше и го разнесе напаѓачот кој, пак, и дополнително лошо атерираше.



Педро сигурно нема да патува со тимот во Сунагпур и можеби веднаш ќе биде префрлен во Лондон.

https://youtu.be/Nk6w0Xd0OWU