Поранешниот претседател на Македонија Стево Пендаровски објави дека учествувал на форум за управување со хаос.
Пендаровски на панелот за Западен Балкан предупредил дека ако ЕУ не го заокружи својот проект Македонија и регионот можат да бидат под влијание на земји како Кина и Русија кој тој не ги именува директно.
,,Учество на 20тиот јубилеен Глобсек форум, под наслов “Управување (со) хаосот: Време е Европа да истапи напред”, на панелот “Западниот Балкан на геополитичка крстосница: интеграција во ЕУ или кревање на регионални тензии”.
Стратешкото одложување на интеграциите го изложува Западниот Балкан на ризик од неевропски и недемократски влијанија надвор од регионот.
ЕУ мора да делува веднаш и да го заокружи историскиот проект на обединета Европа”, објави Пендаровски.







