Актуелниот претседател на државата и кандидат за уште еден мандат, Стево Пендаровски, вчера од Делчево порача дека е подготвен да се соочи со опонентите во кое било време и на кој било терен…
Но тој не спомна ниту еден од 6-те противкандидати
„… јас сакам вечерва да предложам да имаме вистински дуел, да има реален дуел, не фингиран дуел. Јас предлагам вечерва да излезам на дуел со Христијан Мицкоски, бидејќи очигледно тој е кандидат за претседател. Госпоѓата Силјановска не ја гледаме каде е“, рече Пендаровски.
Запрашан околу најавените телевизиски дебати Пендаровски рече дека тој тоа го предложил уште пртед дваесетина дена.
„Сите седуммина, пред сите телевизии да имаме најмалку две соочувања пред првиот круг и тие што ќе поминат во вториот круг уште една потоа. Меѓутоа од страна на најголемата опозициона партија прво бевме одбиени бидејќи побараа двајца од кандидатите да не учествуваат.
После се пишманија, меѓутоа потоа три од најголемите телевизии, најгледани телевизии во Македонија се откажаа, не знам од кои причини“, рече тој.






