Актуелниот шеф на државата и кандидатот за уште еден мандат, Стево Пендаровски очекува во првиот круг од претседателкските избори – во кој во трка влегуваат 7 кандидати – гласовите да се поделат на повеќе страни и не очекува дека има некој било каква шанса да добие во првиот круг.
„Меѓутоа во вториот очекувам да влезам и да ги добијам изборите на крајот“, порача Пендаровски денеска на отворањето на Централниот штаб во Скопје.
Тој најави дека попладнево ќе посети неколку населени места на неколку општини на Четвртата изборна единица со завршната средба со граѓани за денеска во Прилеп,
Пендаровски најави дека во текот на кампањата, до крајот на првиот круг, планирана е посета на 65 населени места во сите изборни единици во сите општини во земјава.






