Екс претседателот Стево Пендаровски или лаже дека е во секојдневна комуникација или има тајна комуникација со странски амбасади во Скопје.
Во интервју за Сител Пендаровски вели дека има секојдневна комуникација со странски амбасади во Скопје а некои од нив му рекле дека владата зборувала за рок од 3-4 месеци во кои новата американска администрација ќе стори нешто за решение на спорот за името што за него е аматеризам.
Пендаровски не кажува со кои амбасади има дневна комуникација, со кого во амбасадите комуницира, кој му ги пренесол наводните информации дека Трамп треба да го реши спорот со Бугарија за 3-4 месеци.
Тој не открива зошто овие комуникации не се дел од јавноста односно зошто ги крие ако воопшто ги има.
Вообичаено екс претседателите треба да ја информираат јавноста но и државните органи за своите контакти со странски контакти затоа што тој зема плата од државата.
Дипломати блиски на две важни амбасади во Скопје негираат дека воопшто имало комуникација со Пендаровски.
Извори блиски на уште две важни амбасади неофицијално велат дека со екс претседателот има комуникација која е во рамки на неговиот капацитет како поранешен претседател но дека со него не се зборува за тоа што е разговарано со владата ВМРО-ДПМНЕ затоа што тоа е спротивно на дипломатскиот протокол.
Пендаровски е особено неподатлив за споделување на било какви сензитивни инфорамции откако пред повеќе од две години во јавноста откри работи кои ги дознал како претседател на земја членка на НАТО што не смеел да го стори.
Од тогаш Пендаровски не добива информации кои што може да ги злоупотреби, вели искусен дипломат кој се сомнева дека било кој сериозен дипломат во Скопје на претседателот ќе му пренесе било каква информација знаејќи дека тој тоа може да го злоупотреби.
Дипломатот не сака да каже дека Пендаровски лаже и не исклучува дека тој можеби има комуникација со некоја амбасада но тврди дека сериозните држави го знаат капацитетот и политичката релевантност на екс претседателот за да ризикуваат конфликт со владата на Христијан Мицкоски.
Видео од гостувањето на Пендаровски на Сител:
https://x.com/arozgj/status/1898523556851356109?t=5CCVVe7ctopwMu6gKXkPoQ&s=19





