Претседателот Стево Пендаровски пред 5 години во изборната кампања јавно ветил дека нема да помилува убијци но не го остварил ветувањето.
Иако на 9ти Април 2019 Пендаровски на предизборен митинг рекол дека нема теоретска шанса да амнестира криминалци кои сакаат да убиваат, тој сепак 50 месеци подоцна го прекршил ветувањето.
На 15ти Август 2023 комисијата за помилување во кабинетот на претседателот Пендаровски кој ја именува лично тој помилувал нарко лидер кој е осуден за “ОБИД ЗА УБИСТВО”.
Пендаровски го помилувал Бедри Зекири, кој порано се презивал Бериша и е член на нарко картелот „Барон“.
Од Кабинетот на Пендаровски се правдаа дека казната му била намалена само за шест месеци и дека нема за брзо затвореникот да излезе на слобода но не кажаа зошто претседателот го прекршил својот јавно даден збор за лице кое се обидело да убие друго лице.
„Лицето Бедри Зекири има поднесено молба за помилување за извршени 2 кривични дела – убиство во обид и учество во тепачка. Вкупната затворска казна му е 4 години и 11 месеци. Комисијата за помилување како соведотавно тело на претседателот Пендаровски едногласно му предлага на претседателот да биде помилуван за 6 месеци. Со ова помилување, лицето Бедри Зекири затворската казна ќе ја издржува до 2027 година“, изјавија предходно од Кабинетот на Пендаровски.
Членови на Комисијата за помилување во кабинетот на претседателот се екс државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски, новинарот Томислав Кежаровски, екс министерот за полиција на СДСМ Љубомир Михајловски Џанго, Билјана Петковска, Уранија Пировска (претседателка), Фехми Стафа, Кимо Чавдар, Ерол Рушид, Сафет Алиу и Зора Митиќ.
🤥 09.04.2019, Пендаровски : Нема теоретска шанса да амнестирам криминалци кои сакаат да убиваат
✅ 15.09.2023, Кабинетот на Пендаровски : помилува нарко лидер за “ОБИД ЗА УБИСТВО” pic.twitter.com/ifqG2XbknT
— Демир (@Trollowsky) March 17, 2024






