Аналитичарот Синиша Пекевски смета дека реформите во судството мора да бидат од корен, по рецептот на Еди Рама во Албанија.



„Целосна истрага на судии и обвинители, доколку се утврдат најмали злоупотреби на службената положба не само отказ, туку и кривично гонење.

Судството не смее и натаму да биде користено за вработување на роднини и блиски пријатели. Ова е приоритет на новата влада“, вели Пекевски во гостување на ТВ24.