Нема да дозволиме Бугарија да се користи за внатрешно-политички цели во с. Македонија, изјави Дељан Пеевски еден од двајцата претседатели на бугарското Движење за права и слободи (ДПС), по победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните и претседателските избори во Макдонија.



Пеевски ја коментираше изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека Македонија ќе чека „поразумен премиер“ во Бугарија.

Имено, запрашан во синоќешното гостување на „Само интервју“ на Канал 5, за коментар на изјавата на бугарскиот в.д. премиер Димитар Главчев дека Бугарија повеќе нема да прави отстапки за Македонија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека во тој случај би се свртеле кон решавање на домашните проблеми, како и дека ќе се чека да дојде некој разумен од бугарска страна со кој ќе може да разговараат.

Пеевски како „претензија“ ги оцени ваквите зборови Мицкоски.

„Сакам да му се обратам на Мицкоски – Нема да има бугарски премиер што ќе оди против интересите на Бугарија. Од вас се очекува правилно да го исполните договорот потпишан со Бугарија“, нагласува Дељан Пеевски.

Тој, исто така, забележува дека Бугарија направила многу со поддршката за Македонија, чие место треба да биде во Европската Унија.