„Општина Крушево е очигледен случај, каде што Албанците, иако според пописот од 2021 година учествуваат со 29,39 отсто, или речиси 30 отсто во структурата на населението, тие се целосно исклучени и дискриминирани во однос на остварувањето на нивните основни права права за употреба на албанскиот јазик, според уставот и законот за употреба на јазиците за заедниците, кои ги има повеќе од 20 отсто во структурата на населението.“ – тврди Насер Пајазити, одговорниот уредник на информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА, во својата колумна со наслов „Крушево, таму каде што Албанците ги има триесет отсто, но се третирани под нула отсто!“,
Натаму Пајазити изнесува во колумната: На официјалниот сајт на општина Крушево нема ниту една буква на албански јазик. Албанците и со пописот од 2002 година ги имаше 21,5%, но што ако, кога се пее истата песна: повеќе од 20 години нема ниедна албанска буква, ниту застапеност и достоинствен живот за нив.
Албанците и албанскиот закон се претставени во уставот и законот со изразот „20 проценти“, како и во заграда – но и за ова никој не се грижи! Нема ниту застапеност во институциите, ниту почит за албанскиот јазик, ниту за достоинството на Албанците. Ова е аларм за флагрантното газење на правата на Албанците, гарантирани со уставот.
Додека се случува ова, а веќе се случило и претходно, политичките претставници на Албанците во Владата и во власта, 20 години по ред го измамуваат албанскиот народ и му даваат празни ветувања, продавајќи ја „борбата за нашите права“ како изговор за ги задржат своите лични позиции. Всушност, тие не успеаја да ги заштитат интересите на Албанците од Крушево и од многу други општини со слични проблеми.
Состојбата во Крушево не е само локален проблем. Тоа е јасен показател за третманот на Албанците во * Македонија. Агенциите и инспекторатите за заштита и почитување на јазиците треба итно треба да ја исправат оваа неправда и сериозна дискриминација, ова флагрантно кршење на Уставот и законот, каде што албанскиот јазик е претставен со 20 проценти и е ставен во заграда.





