Патриот е кога ти е убаво што си Македонец и не прифаќаш тоа со Северна (ВИДЕО)

Мудри мисли за патриотизмот и љубовта кон Македонија можеле да се слушнат на приредбата на децата на нашите иселеници во Шведска, Германија, Франција, Словенија, Хрватска, Србија…, учесници на Кампот за македонски јазик и култура во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија што се одржува во Охрид.



Македонистката Елка Јачева Улчар раскажува за поведението на учениците кое предизвикало силни емоции меѓу присутните.

,,На 2-3 пати ме трогнаа до солзи: со пеењето на химната, со егејското оро и со неизбежното ,,Македонско девојче”. Честитки и благодарност за нивниот влог и посветеноста во работата со нив, до наставничките: Деспина Велинска и Сашка Соломоновска-Јаневска од Хрватска, Розита Закњва од Малта, до родителите што си ги придружуваа децата на овој благороден потфат за Македонија и за зачувување на македонството и, секако, до Агенцијата. Жива е Македонија! ❤️💛🇲🇰❤️💛🇲🇰❤️💛🇲🇰❤️💛🇲🇰❤️💛🇲🇰❤️💛”, објавува Јачева Улчар за настанот.

Учесници на настанот брифираат за дефиницијата за патриот дадена од едно од децата:

,,Не можам да опишам со зборови. Тоа го чувствуваш и во срцето и во главата. Патриот е кога ти е убаво што си Македонец и во Македонија и во земјата каде што живееш. И никогаш не прифаќаш тоа со северна”.